
На 22.06.2020 во Полициската стница Штип било пријавено дека околу 11.30 часот на влезот на Клиничката Болница Штип патнички автомобил „Мерцедес Вито“ со беровски регистарски таблици, управуван од П.С.(56) од Берово, удрил во пешакот Л.Б.(72) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.