
Репрезентативната пауза ќе биде добредојдена за неколку прволигаши во обид во финишот од сезоната да се консолидираат. Освен Шкупи, сите останати екипи ќе имаат одредени цели кои ќе мора да ги остварат.
Шкупи е веќе отпишан и нов второлигаш за следната сезона, Работнички се врати во игра и за директен опстанок, со што сега „романтичарите“ кои имаат голема победничка форма повеќе не се отпишани и ќе водат борба за опстанок со реални шанси и за диретек опстанок.
Пелистер го промени тренерот, а „пожарот“ од лошите резултати ќе го гаси проверено име – Марјан Секуловски веќе одработи и неколку тренинзи со битолскиот тим и верува дека може да се избори опстанокот.
Македонија ЃП е исто во друштво на овие екипи кои имаат еден бод разлика меѓусебно.
Брера Струмциа е осма со 28 бодови пет повеќе од конкурентите за опстанок и струмичани ќе целат за директен опстанок со Арсими, Башкими и Тиквеш, со тоа што екипите на Башкими и Тиквеш кои имаат 35 односно 36 бодови веќе се до некаде и сигурени со опстанокот.
Силекс е четврти со 40 бодови, па сега Башкими и Тиквеш имаат амбиции да го стигнат на табелата.
Трката за титулата покрај водешките Вардар и Шкендија кои имаат по 58 бодови, ќе ја води и Струга Трим Лум која е трета со 53 бодови, па трката за титулата се „разгорува“ што ќе понуди неизвесен завршеток од сезоната.
Александар Ванев, М-Нет