Во Радовиш синоќа рудниците Бучим и Боров дол го одбележаа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица и денот на рударите. Рударскиот сектор е одржлив и е еден од секторите каде најмалку се осети влијанието на пандемијата истакна Николајчо Николов претседател на асицијацијата за рударство при Стопанската комора на Македонија.

А интегрираните дозволи кои ги добиваат рудниците како услов за работа ги содржат сите потребни сегменти за заштита на животната средина и ако правилно се почитуваат нема да има негативни последици додаде Николов, и дека рудниците така се едни од најмалите загадувачи врз живиот свет.
Рудникот Боров дол работи половина година и е нова директна инвестиција која со своето рудно богатство ќе има бенифит од најмалку една деценија велат познавачите, и оваа година за прв пат го чествува денот на рударите.
На пригодната свеченост рудниците за бакар Бучим и Боров дол ги наградија најдобрите рудари, кои велат дека работата во ридарскиот сектор е тешка, но задоволителна.
