
Лицата кои пред една година се пресметуваа во штипскиот затвор, денес во посебни простории и ќелиски систем, бидејќи се од висок ризик. Директорот Дејан Здравков одговарајќи на прашањето до каде е нивната истрага, рече дека се превземени низа мерки за подобрување на безбедноста во штипскиот затвор, со што лицата се во посебни простории и немаат можност за вакви дела. Рече дека истрагата за минатото ја оставаат на службите.
,,Тие лица, кои што во тој момент биле со третман, кој што дозволувал да биде во полуотворено одделение и имале можност за комуникација и да бидат во непосредна близина на со други осудени лица и да формираат една критична група, која што ќе овозможи заедно со групата од надвор да можат да делуваат на начин, како што извршиле притисок врз затворот во Штип, денес тоа не е возможно, затоа што се превземани низа мерки за подобрување на безбедноста на затворот Штипѓ. Лицата сега се во посебни простории.“, рече Здравков
Истите лица, кои што се со висок ризик, сега се во посебни простории и ќелиски систем и немаат можност за вакви дела, додава Здравков.
Она што дополнително истакна директорот Здравков е дека истрагата за минатото ја оставаат на службите кои биле вклучени за да се видат дали имат направено прекршоци од страна на тогашното раководство и дали било овозможено од страна на раководните лица и затворската полиција да се случи настанот.
Иван Митев, М-Нет