Дали штипјани ги плаќаат сметките онлајн или се одлучуваат да ги посетат продажните салони?

Сметки за вода, струја, телефон се месечните обврски на сите граѓани кои треба да ги подмират своите долгови. Но дали граѓаните ги посетуваат продажните салони за плаќање или пак ги користат електронските апликации за плаќање на сметките од дома. Според направени статистики изборот за плаќање на сметки од дома е од страна на помлади граѓани кои користат електронски апликации на своите мобилни уреди или преку компијутер, но повозрасните кои не сакаат да управуваат со новата технологија, ги посетуваат продажните салони и своите сметки ги плаќаат на каса.

„Они плаќаат. Не неможеме ние преку телефон да плаќаме, преку телефон не доаѓа ни во обзир за нас пензионерите, а он што и како треба се си плаќа, ете сега требат ми ќе му се јавам, донеси ми таму 10 или 15 колку ми треба и тоа е. Сметките ги плаќаат синовите и снаите. Не плаќам ништо ослободен сум од се, од се сум ослободен, пензионер само јадам и пијам ништо друго. Никако, тоа децата плаќат, ние пензионерите, ни гледаме, ни слушаме ништо. Кој ќе плаќа и онлајн и на каса, не бива.“ – изјавиа граѓаните

Повозрасните граѓани кои се пенизонери соогласни дека не се во можност да си ги плаќаат своите сметки, па нивните деца ги подмируваат месечните долгови кон одредени оператори по нив избор. Затоа што велат дека не се доволно искусни да ги плаќаат сметките преку телефон.

Инаку сите оператори за плаќање на месечните долгови одосно комуналните претпријатија, мобилните оператори имаат отворено апликација на која на лесен начин ќе можат да се платат сметките.

Лаура Стојанова, М-Нет