Фудбалска федерација на Македонија во недела ќе го одржи толку очекуваното Изборно Собрание кое веќе неколку недели ја бранува фудбалската јавност. На ова Собрание според нашите информации ќе се верификуваат мандатите на сите делегати, ќе се избере Надзорен и Управен одбор, по што ќе следи и изборот на новиот Претседател на ФФМ. Деновиве фудбалската јавност е сведок по социјалните мрежи дека започнува една хајка за некои одминати времиња а што е најлошо по историскиот пласман на фудбалската репрезентација на Македонија на Европско првенство. Досега како незадоволници се јавија нашата „икона“ Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски а зошто токму тие и зошто токму сега а не во некое поранешно време, ќе дознаеме во официјалното соопштение на раководството на ФФМ кое наскоро ќе се обзнани и ќе биде достапно до фудбалската јавност на Македонија. Не сакајќи да ја нарушуваме блескавата атмосфера по историскиот пласман, ние сме проморани да ги следиме овие моменти кои и те како можат да влијаат на атмосферата кај самите играчи. Уште од порано е познат ставот на УЕФА дека нема место за политика во националните фудбалски федерации и кои неодамна дадоа полна и целосна подршка на раководството на ФФМ и дека нема да дозволат насилни промени. За таа цел во Скопје на Изборното собрание ќе присуствува висока делегација на УЕФА а дали ќе присуствува и самиот претседател Александер Чеферин или неговиот заменик ќе дознаеме на лице место каде што ќе присуствува и Спртската редакција на Мнет телевизија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
