Во недела Штип ќе биде домаќин на првото коло од Првата македонска боксерска лига

Во недела (29 март) Штип ќе биде домаќин на првото коло од Првата македонска боксерска лига кое ќе се одржи во спортската сала на Државното средно училиште „Коле Нехтенин“, а технички организатор на настанот е боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип.

Како што истекнуваат од Пинк Пантер се очекува учество на повеќе од 20 боксерски клубови од цела Македонија, како и настап на околу 80 боксери, што најавува возбудливи и квалитетни борби на почетокот од новата натпреварувачка сезона.

Боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип оваа година влегува со сериозни амбиции и ќе атакува на освојување на првото место во Првата македонска боксерска лига.

Мерењето на натпреварувачите е предвидено да започне во 10:00 часот, додека борбите официјално ќе започнат во 14:00 часот.

Организатор и покровител на лигата е Националната боксерска федерација на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт.

Со вакви спортски настани уште еднаш се потврдува дека Штип е град на спортот.

Александар Ванев, М-Нет