
Во недела членовите на Оф роад клуб Штип организираат традиционален настан кој се негува со години наназад, со цел еднодневно авантуристичко и адреналинско возење на планината Плачковица. Претседателот на Оф роад клуб Штип, Влатко Горѓиев посочи дека на настанот се очекуваат многу гости од земјава и упатува покана до сите љубители на адреналинскиот спорт да бидат дел од настанот, бидејќи самиот настан е од отворен карактер.
„Значи овој настан ние не го организираме за прв пат, ова е традиционален настан кој е одржува веќе дванаесет тринаесет години по ред. Нашата цел е да има дружба на луѓето кои сакаат Оф роад возење, кои ја сакаат планината и адреналинското возење. На овој настан ќе имаме гости од цела Македонија се поканети сите љубители, а типот на овој настан е од отворен карактер секој може да присуствува кој има возило џип, дали крос мотор.“ – посочи Георѓиев
Во недела во осум часот на градскиот стадион е собирното место, а потоа започнува авантурата си возење на планината Плачковица. Настанот завршува на локалитетот Баргала со музчика програма и добра забава.
„Собирното место е на градскиот стадион во Штип во осум часот, а тргнувањето е во 08:30 часот. Ќе се вози на планината Плачковица и потоа настанот завршува на локалитетот „Баргала“ каде што ќе има забава исто и таму се поканети сите лубители на добрата забава, тоа ќе биде во вечерните часви после 17 часот.“ – додава Георѓиев
Инаку се очекуваат околу 250 љубители на адреналинското возење и добра забава. Гости ќе има и од Кочани, Виница, Крива Паланка и Скопје.
Лаура Стојанова, М-Нет