Оптичка кохерентна томографија е новиот алат за работа на оделот за кардиологија во Штип, еден од четирите на Балканот

Одделот за Кардиологија при Клиничка Болница Штип доби нов современ апарат кој се вбројува во еден помеѓу четирите на Балканот. Со овој апарат одделот за кардиологија расте секојдневно, а со новите методи, апарати и интервенции на граѓаните се овозможуваат големи бенефити. Раководителот на одделот за кардиологија Благоја Василев посочи дека изминатата недела за првпат е успешно извршена коронарна интервенција, а со тоа е означен и почетокот на новиот апарат за оптичка кохерентна томографија.

„Изминатава недела за првпат успеавме самостојно да извршиме една о си ти водена перкута на коронарна интервенција и со тоа ја означивме почетокот на работата на новиот апарат за оптичка кохерентна томографија. Се работи за високо сензитивна имиџинг техника, благодарејќи на која може да влеземе во коронарните артерии на срцето и од внатре да ги снимаме и проучиме градбата на самиот коронарен крвен сад и евентуалните стенози, стеснување на крвните садови, степенот на стеноза, градбата на крвниот сад.Овој апарат е дел од чтирите апарати што ги има на Балканот, горди сме да кажеме дека и нашиот оддел секојдневно расте во смисла на воведување нови процедури и интервенции од кои што ќе имаат бенефит граѓаните. “ – изјави Василев

Доктор Василев истакна дека интервенциите со новиот апарат се извршуваат со специјални оптички катетри кои се внесуваат во внатрешноста на крвниот сад. Од првата извршена интервенција резултатот позитивен, со одличен проток на крв во крвните садови.

„Првата интервенција беше жена на 60 години закжана селективен пациент, интервенцијата траеше околу два часа. Резултатот беше одличен, пациентката утредента замина хемодинамски стабилна во одлична состојба.“ – додава Василев

Одделот за кардиологија секојдневно напредува во однос на нови методи и техники, но посочиа дека нема да се заборават основите на кардиолишката дијагностика.

„Нема да ги забравиме основите на кардиолошката дијагностика, по неколку години сега сме во процес на набавка на коронарен стрес тест апарат. Тоа е една базична дијагностика која е многу потребна. Мислам дека директорот е во процедура за набавка на нови холтер апарати, за притисок и ритам и со тоа ќе го затвориме кругот на квалитетна дијагностика со која што навремено ќе дијагностицираме кардиолошки заболувања и ќе ги третираме понатаму.“ – додава Василев

Со набавка на коронарен стрес тест апарат и за набавка на нови холтер апарати ќе се заокружи кругот на една квалитетна дијагностика со која што навремено ќе бидат дијагностицирани кардиолошките заболувања.

Лаура Стојанова, М-Нет