Утре, петок, 25 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Големата сала на Општина Кисела Вода ќе се одржи втората едукативна трибина во рамките на кампањата „Розев Октомври“.
Настанот, кој се реализира во соработка со Здружението „Хема-Онко“, е целосно посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта е преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста за важноста на редовните прегледи.
За овие клучни теми, пред присутните ќе говорат врвни медицински експерти:
-Проф. д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство;
-Проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
На трибината ќе се обрати и Анита Бошкова, правник и поетеса, која ќе го сподели своето лично искуство како пациентка и ќе зборува за значењето на навременото откривање на болеста.
Општина Кисела Вода упатува отворен повик до сите заинтересирани граѓани да дојдат и да присуствуваат на овој настан. Преку знаењето, отворениот разговор и споделените искуства, сите заедно можеме да придонесеме кон поголема свесност за здравјето на жените.
Текстот Втора едукативна трибина за женското здравје овој петок во Општина Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.