Во конфекција од 200 вработени – 20 ќе бидат од Непал, кочанска конфекција работи на увоз на работници

Во конфекција со 200 вработени работодавачите се со тенденција да имаат 20 вработени од Непал, Филипини и слично, вели Ангел Димитров. Кончанска конфекција веќе е во преговори за вработување на лица од Непал, а процентот на работници и производството во тектилната гранка постојано е во тренд на опаѓање. Стои и проблемот со заминување на работниците во пензија, а работодавачите свесно го намалуваат бројот на вработени.

„Една кочанска конфекција кажа дека почнала разговори за увоз на работници од Непал. Ама сите се отккажуваат од процедурите, процесот трае многу долго. Просечно некаде околу 3% паѓа, минатата година тој процент беше поголем. Некаде од 3 до 5% очекувам да падне и бројот на работници и производството во текстилот.“ – вели Димитров.

И додека од една страна се намалува бројот на вработени во текстилот, од друга страна стои проблемот со исплатата на регрес за годишен одмор. Претседателеката на Гласен текстилец посочуува дека ваков проблем се појавува не само кај текстилниот сектор туку и кај други гранки. Но, децидна е дека вработените потпишуваат спогодбени договори и затоа Трудовиот инспекторат не може многу да помогне.

„Имаме база од околу 2484 работника, се работи за приватен сектор, не само конфекци, туку и градежени компании и фирми за обезбедување, за чистење, маркети и слично. За жал повторно ќе речам си постои проблемот каде се потпишуваат спогодби на помал износ, за разлика од оној кој законски се пропишува. Но, ако потпишете спогодба со работодавачите и се согласите да земете к-15 од 1000 денари, Трудивиот инспекторат не може многу да направи“ – вели Ампева.

Инаку, пред одреден временски период четири конфекции во Штип ставија клуч на врата со што дополнително вработените останаа на улица. Ваква слика во текстилниот сектор се појавува се почесто, не само во Штип туку и во останатите градови од Истокот.

Лаура Стојанова М-Нет