Организација на потрошувачи: За теренска наплата на рата за брз кредит да се пријави во полиција

„Доколку денеска не се изврши наплата, следува теренска наплата, посета на домашна адреса или на работно место“ – вакви смс пораки добиваат граѓани кои зеле брз кредит ама навремено не ја подмириле ратата. Како што велат овие пораки под знак прашалник ја ставаат нивната безбедност, како дома така и на работно место. Прашуваат дали од финансиските друштва, односно таканаречените брзи кредити имаат право на пораки со вакви содржини, и дејствија како споменатите во пораката.

Како да постапат граѓаните во вакви случаи прашавме во Организацијата потрошувачи. Од таму децидни, ако граѓаните се соочуваат со вакви настани да пријават во полиција.

„Тие немаат законски основ да дојдат во домовите на граѓаните и да се закануваат и да прават притисоци . Во ваков случај точно се знае во нашата постапка кој е тој кој може да дојде да прави попис на имот – тоа се извршителите. Се она што е надвор од од тоа нема законски основ и доколку на граѓаните им се случуваат вакви притисоци тие треба да пријават во МВР.“ – вели Тасевска Татјана Правен советник во Организација на потрошувачи.

Како што додаваат од Организацијата на потрошувачи граѓаните со договорот кој го потпишуваат кога земаат брз кредит, не даваат овластување дека може да му дојдат дома и да му се закануваат.

Лаура Стојанова М-Нет