
Во недела ќе се одиграат натпреварите од последното 30. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Дербито на колото ќе се игра во Штип меѓу Брегалница и Башкими, натпревар каде „сините“ предводени од стратегот Ристе Наумов ќе сакаат со победа да ја завршат сезоната пред својата публика, а Башкими исто така оди на триумф на тешкото гостување во Штип, на терен каде тешко се освојуваат бодови.
Останува и натаму неизвесноста околу тој спорен натпревар од 28. коло на Втората лига меѓу Кожуф и Башкими, кој се одигра во Гевгелија, многу работи на табелата ќе зависат и од тој меч.
Брегалница е во победнички ритам, комплетна и максимално подготвена оди во дербито со Башкими, кој пак во Штип нема да може да смета на нивниот најдобар стрелец Хусеин Демири, кој има акумулирано пет жолти картони.
Дербито на 30. коло меѓу Брегалница и Башкими, ќе можете да го следите во живо преку директен пренос на М Нет телевзија, во недела од 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет