
М Нет телевизија утре за првпат ќе реализира три телевизиски преноси од натпревари од Втората македонска фудбалска лига. Досега М Нет телевизија реализираше по два телевизиски преноси од второлигашки натпревари паралелно, а веќе утре ќе имате можност да следите дури три телевизиски преноси од Втората македонска фудбалска лига.
Овој момент е историски за Втората лига, бидејќи за првпат гледачите пред малите екрани ќе може да уживаат во три телевизиски преноси од Втората лига.
На спортскиот канал М Нет Спорт ќе можете да го следите мечот меѓу Вардар Неготино и Охрид, кој се игра на Градскиот стадион во Неготино или познат како „Цвај Арена“.
Охрид промени тренер по лошите резултати, а веќе утре ќе биде на вистински тест во Неготино каде ќе атакува на дури првиот сезонски триумф во петтиот меч, против Вардар Неготино кој е мотивиран силно за да ги сочува трите бодови дома.
Преносот од Неготино на М Нет Спорт ќе започне во 15 часот.
Како што веќе информиравме, на М Нет Спорт, исто така, ќе може да го следите мечот меѓу Башкими и Беласица од Куманово, а на М Нет телевизија ќе го следите мечот меѓу Осогово и Детонит Плачковица.
Александар Ванев, М-Нет