
Дрвокрадството е постојан проблем со кој се соочуваат надлежните од Јавното претпријатие „Национални шуми“. Според заменик генералниот директор на оваа институција Кирил Михаилов, ваквата ситуација е многу сменета во однос на изминатите години. Тие заедно со шумската полиција и МВР прават постојано акции и тоа дава голем резултат. Ако претходното раководство за шест месеци во 2024 година конфискувале нелегално посечени дрва во количина од 307 метри кубни, ние за еден ипол месец во јули и август имаме конфискувано поголема количина од таа, истака Михаилов за М-нет телевизија и додава дека нивната цел е да се намали ова дело и да се сведе во минимални размери.
“Дрвокрадството најискрено да ви кажам го имало, го има и ќе го има. Нашата цел и интенција е да го намалиме во некој нормални, минмални размери. Инаку, морам да кажам дека ситуацијата е многу сменета во однос на изминатите години. Нашиот ангажман е многу поголем заедничќки акции правиме со шумската полиција и мвр и морам да кажам дека тие акции даваат резултати. Инаку, еве да направам една паралела ако претходното раководство за шест месеци во 2024 година има конфискувано нелегално посочени дрва во количина од 307 метри кубни, зборувам од познат сторител, ние за еден ипол месец во јули и август имаме конфискувано поголема количина од таа.“, истака Михаилов
И покрај тоа што македонски шуми има многу малку производство во изминатите шест месеци, односно некаде околу 100 000 метри кубни, сепак нема пријави, што значи некој нелегално го снабдувал населението, додава Михаилов.
“И покрај тоа што ЈП Македонски шуми има многу малку производство во изминатите шест месеци, некаде околу 100 000 метри кубни, сепак нема пријави, што значи некој го снабдувал населението, меѓутоа никој не водел грижа од каде, како и што се случува. Тоа докажува дека пазарот е заситен со дрвата, меѓутоа тие не поминале помеѓу нашите складови за дрва, туку по некој други патишта. Mорам да потенцирам дека во овие пожари кои што ја зафатија државата, многу мал дел се шумски пожари.“, додава Михаилов
Според Михаилов, пожарите кои во изминатиот период ја зафатија државата не зафатиле голема количина на дрва. Тој истакна дека пожарите повеќе зафатиле тревни површини, пасишта, земјоделски површини, а според тоа се уведува фактот дека шумите немаат голем број на изгорени дрва. И понатаму ЈП Национални шуми активно ќе работи и ќе ги спречи дрвокрадствата во државата.
Лаура Стојанова, М-Нет