
Беласица против Осогово ќе бара враќање на победничките патеки после првиот сезонски пораз од Шкендија Арачиново, а пак Осогово ќе сака три бодови против фаворитот од Струмица во меч од 8. коло на Втората лига.
Осогово ќе биде силно мотивиран пред својата верна публика да го бара своето четврто славје со што значително „жетварите“ на Крсте Крстев ќе се зацврстуваат во средишниот дел од табелата, додека пак Беласица иако загуби во претходното коло има само бод негатива од првото место и со триумф во Кочани ќе се надева да се врати на челната позиција.
Традицијата вели дека во Кочани треба да очекуваме најмалку два погодоци, а истата е на страна на Беласица кога се во прашање меѓусебни дуели од 2011 година наваму.
Домашниот терен и поддршката од верните „Сејмени“ ќе биде силна поддршка за Осогово.
Натпреварот меѓу Осогово и Беласица се игра на Градскиот стадион во Кочани, а истиот ќе можете да го следите преку директен пренос на М Нет телевизија сабота од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет