Во ЖИВО на М Нет: Детонит Плачковица – Беласица

В сабота се играат натпреварите од 19. коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе имате можност да го следите во живо дербито на Истокот кое се игра во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Беласица.

Овој меч е од капитална важност бидејќи радовишани со триумф ќе продолжат сериозно да ги напаѓаат бараж позициите за Прва лига, а Детонит Плачковица од врвот е само на минус пет бода. Од друга страна Беласица нема пролетен старт каков што сака бидејќи има два порази од Охрид и Скопје, а го доби очекувано Големо Коњари.

Станува сериозно густо на самата табела бидејќи една победа може да направи големи промени на табелата, а еден пораз на екипите од топ осум зоната може да ги спушти на табелата.

На првото соочување Беласица беше подобра со минимални 1:0, а потоа Детонит Плачковица со минимални 0:1 славеше во Купот над Беласица.

Следете го дербито од Радовиш во живо на М Нет телевизија, сабота од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет