Во ЖИВО на М Нет: Борец – Брегалница, понеделник од 16 часот

Натпреварите од 25. коло на Втората фудбалска лига ќе се одиграат во понеделник наместо во сабота, поради велигденските празници.

На М Нет телвизија преку директен пренсо ќе можете да го проследите натпреварот од Велес меѓу Борец и Брегалница, меч каде трите бодови се од капитална важност и за двете екипи.

Борец сака три бодови за опстанок, победа со која велешани ќе ги продолжат надежите за бараж и за опстанок преку истиот. Од друга страна Брегалница нема право ан грешка, особено после поразот во Неготино во претходното коло, па така „сините“ сега се во ситуација кога мораат да триумфираат и да обезбедат цел „плен“, а сооглед дека пред Брегалница е тежок распоред и соочувања со директните конкуренти за ПМФЛ, штипскиот тим веќе во понеделник против Борец треба да започне победничка серија, а притоа да се надева дека конкурентите ќе погрешат на некои натпревари до крајот.

Следете го натпреварот од Велес меѓу Борец и Брегалница на М Нет телевизија, понеделник од 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет