Брегалница нема да може да смета на двајца играчи за мечот со Борец!

Брегалница во понеделник ја очекува ново гостување во Велес, каде во рамки на 25. коло на Втората лига ќе игра со Борец, во меч каде „сините“ од Штип немаат право на никаква грешка, само победа и три бодови се опција, во секој друг случај ќе останат „заковани“ на четвртото место и со тоа ќе бидат во Втора лига и следната сезона.

Поразот во Неготино за Брегалница беше повеќе од тежок бидејќи иако резултатски беше само 1:0, сепак беа загуби три бодови кои беа повеќе од важни во трката за директен влез во Прва лига.

Сега Брегалница во Велес ќе оди без двајца играчи кои поради акумулирани пет жолти картони немаат право на игра во 25. коло, односно го пропуштаат мечот со Борец.

Ристе Наумов нема да може да смета на Иван Глигоров и Лука Георгиев кои веќе заработија пет жолти картони и го пропуштаат мечот со Борец од 25. коло.

Брегалница одново е во ситуација како во Неготино, бидејќи Вардар триумфираше и си го потврди опстанокот, а сега Борец ќе е во таква ситуација со тоа што велешани бараат три бодови за бараж и за опстанок, па затоа Брегалница одново ќе игра против екипа која силно се бори да го обезбеди опстанокот, па од таа причина и во Велес ќе биде сличен мечот, бидејќи трите бодови им се потребни и на едните и на другите.

Мечот се игра на Градскиот стадион во Велес во понеделник со почеток од 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет