Во ЖИВО на М Нет: Беласица – Охрид, во недела од 20 часот под рефлектори во Струмица!

Овој викенд третата рунда од Втората лига ни носи натпревар под рефлектори, Беласица својот 102. роденден ќе го прослави со меч во ноќен термин против Охрид.

Меч на две екипи кои ќе бараат прва победа во новата сезона. Беласица сезоната ја започна со две гостувања, па во недела ќе го одигра првиот меч на домашен терен, во обид и за прва победа бидејќи има пораз и реми. Охрид не тргна според посакуваното, забележа два големи порази, а во Струмица доаѓа по позитивен резултат, бидејќи во секој друг случај многу веројатно е дека ќе биде вклучен црвениот аларм, а верните „рибари“ ќе бараат промени.

Натпреварот во Струмица ќе биде повеќе од атрактивен со оглед дека се игра во вечерен термин, на терен кој има одлични услови, се очекува многу публика, верните „ајдуци“ да направат одлична атмосферата, на трибините сигурно е дека ќе има големи фудбалски имиња, поранешни тренери и играчи на струмичката фудбалска гордост.

Натпреварот меѓу Беласица и Охрид ќе може да го следите на телевизија М Нет, в недела од 20 часот.

Александар Ванев, М-Нет