
Во вторник, 14. јануари, ќе започне Светското првенство во ракомет на кое учество ќе земе и ракометната репрезентација на Македонија. Домаќини на 29. издание од Светсткото првенство ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка, а финалето е закажано за 2. февруари.
Од секоја група пласман во следната фаза обезбедуваат првите три од четири екипи. Македонија е во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а очекувањата се дека Македонија ќе ја помине групата и ќе обезбеди пласман во следниот сегмент од натпреварувањето. Веќе в среда или на вториот натпреварувачки ден ќе играме против Унгарија со почеток од 20:30 часот, два дена подоцна Македонија ќе се соочи против селекцијата на Холандија од 18 часот, а на 19. јануари одиме на соочување со Гвинеја од 18 часот, а на овој меч Македонија ќе ја има улогата на фаворит.
Сите натпревари Македонија ги игра во хрватскиот град Вараждин, кој за нашата репрезентација буди убави спомени. Се очекува Македонија даи ма поддршка во Вараждин од македонската „Фаланга“, како и на претходните Мундијали, кога македонските навивачи секогаш беа во фокусот на јавноста со одличната кореографија и навивањето за поддршка на македонските ракометари. Македонија низ подготовките прикажа одлична игра, имаше две победи против српските екипи Нови Београд и Динамо Панчево, додека пак загубија од селекциите на Србија и Хрватска, но на овие натпревари имаше одлична игра, на што и самиот селектор Кирил Лазаров беше задоволен од тоа како Македонија одиграла.
На Светското првенство правдата ќе ја делат и двајцата најдобри судии од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
32-те селекции се поделени во осум групи по четири репрезентации. Во групата А ќе бидат Германија, Чешка, Полска и Швајцарија, во групата Б Данска која е домаќин, Италија, Алжир и Тунис, во групата Ц се репрезентациите на Франција, Австраја, Кадар и Кувајт, во група Е се Норвешка која е домаќин, Португалија, Бразил и Соединетите Американски држави, во групата Ф ќе бидат Шведска, Шпанија, Јапонија и Чиле, во групата Г се сместени Словенија, Исланд, Куба и селекција на Зелен ‘Рт.
Во групата Х се сместени Египет, домаќинот Хрватска, Аргентина и Бахраин. Светското првенство ќе биде отворено со четири натпревари на првиот натпреварувачки ден. Франција ќе игра против Кадар од 18 часот, а во ист термин Италија ќе се соочи со Тунис, од 20:30 часот Австрија ќе игра со Кувајт, а пак Данска со Алжир.
Александар Ванев, М-Нет