Детонит Плачковица се засили со повратникот Смилков и Дебрешлиоски, промоција на Манасиевски

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш се засили со повратникот Александар Смилков, кој се враќа од редовите на второлигашот Каменица Саса.

21-годишниот фубдалер од Штип, својата кариера ја започна во Брегалница, а успешно настапуваше за радовишани во првиот негов престој, а одлично одигра и во Саса и ќе биде големо засилување и освежување во тимот на штипскиот стартег Горан Здравков.

Нов играч во Детонит Плачковица е младиот Давид Дебрешлиоски, кој доаѓа од редовите на Победа, а кој пак има 20-години и една полусезона настапуваше и за поранешниот второлигаш Братство од Житоше, станув збор за млад и доста талентиран играч.

Како што веќе информираше М Нет телевизија, Филип Манасиевски е нов играч, тоа што го најавивме изминатите денови, денес клубот само го потврди со негова промоција.

23-годишникот доаѓа од Кожуф, а играше и за Осогово и Борец, потекнува од Вардар.

Клубот гради млад тим, раководството размислува и за следните сезони, па со тоа се очекува Детонит Плачковица во пролетниот дел да притиска за првите места, а веќе од следната сезона да гради уште поконкурентен тим и да се бори за место во фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет