
Воска Спорт продолжува со засилување на тимот за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига. Најново засилување кое пристигна во охридскиот второлигаш е Бесарт Реџепи.
Воска Спорт и 22-годишниот фудбалер постигнаа соработка и потпишаа професионален договор.
Играчот има настапувано за младите категории на Шкендија од каде и потекнува, а настапуваше и за Гостивар, Дрита од Боговиње, како и Борец кој лани настапуваше во Првата лига.
Играчот за врска од Тетово има настапи во Пва лига во дресот на Борец, а Реџепи минатото лето се приклучи кон Воска Спорт, но поради посериозна повреда немаше деби во дресот на амбициозниот второлигаш.
Воска Спорт пролетниот дел го отвара против Караорман на домашен терен.