
Второлигашот Тетекс вчера и официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.
Нов тренер на Тетекс ќе биде Љупчо Марковски-Калц, кој ќе има за задача да обезбеди опстанок во Втората лига.
Негови помошници во стручниот штаб ќе бидат, Дејан Савески како прв асистен, Филип Павлоски како кондиционен тренер и Миле Спировски кој ќе биде тренер на голманите.
Тетекс првата фаза од подготовките ќе ја одработи во Тетово, а од 23. до 30. јануари главната фаза ќе биде одработена во Дојран, каде ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари.
Пред заминување во Дојран, на 21. јануари е закажан контролен натпревар со Беса кој ќе се одигра во Тетово.
Во Тетекс веќе пристигнаа неколку засилувања, а истите ќе биде официјално промовирани во текот на следните денови.
Тетекс есенскиот дел го заврши на претпоследното место на табелата со само 7 освоени бодови, па со тоа го очекува неизвесна пролет кога е во прашање опстанокот во Втората македонска фудбалска лига.