
Сертификати добија возрасни Роми повратници кои во претходните пет месеца редовно беа дел од образовниот процес во ОУ Гоце Делчев во Штип. Реализираниот проект е со цел и овие лица во иднина да бидат конкурентни на пазарот на трудот, и да можат да го докомплетираат своето основно образование. Директорот Зоран Митев вели дека се со тенденција прокетот да продолжи и во иднина.
„Во реализација на проектот беа ангажирани наставници од ООУ Гоце Делчев Штип, во соработка со Локалната самоуправа, УНДП и програмата за развој на обединетите нации. Овој проект овозможи на 25 редовни ученици да се стекнат со соодветен сертификат кој ќе им овозможи да се најдат во иднина на пазарот на трудот.“ – вели Митев.
Мотив да продолжат со образованието и шанса да се стекнат со основно образование со што би можеле да напредуваат понатаму во животот, вака добитниците на сертификати зборуваат за проектот. Велат од големо значење е што на 30 години на пример имаат можност да го докомплетираат своето основно образование.
Во проектот помогнале и невалдините организиции кои ги лоцирале поединците на кои им е потребно дозавршување на своето образование.
Лаура Стојанова М-Нет