
Само прв ден од затворањето на крстосницата во населба Сењак, но возила сѐ уште ја користат истата. Гледачи на М-Нет Телевизија ни испратија видео – снимки на кои се гледа како десетина мотори сообраќаат по веќе затворената крстосница. На ова од СВР Штип истакнаа дека контроли секојдневно се на терен и ќе излезат и во текот на следните денови. Крстосницата е затворена и забрането е да се одвива сообраќајот таму, па секој што ја крши оваа забрана соодветно ќе биде санкциониран.
Ребека Спасова М-Нет