Водовод Кочани: Средби со засегнатите граѓани ќе има, а ќе се постават и видео надзори на депонијата

По вчерашниот протест на граѓаните во Кочани за проблемот со градската депонија М-Нет телевизија побара одговори и од КЈП Водовод Кочани. Дали ќе се остварси средва со засегнатите жители и како ќе се решава овој проблем прашавме во претпријатието. Од таму велат дека средби имало и ќе има со цел да се стави крај на палењето на оваа депонија. Додаваат дека во септември ќе се распише нова јавна набавка за третирање на депонијата со алги, а ќе се постави и видео надзор.

„ Бидејќи досегашната јавна набавка за третирање на депонијата со алги е целосно исцрпена и финансиски и количински, во наредниот период, а согласно планот за јавни набавки е предвидено распишување на нова јавна набавка за таа цел и истата ќе биде реализирана во текот на месец септември. Исто така во план е поставување на видео надзор на целата депонија како и нејзино повторно оградување. КЈП “Водовод” Кочани во соработка со повеќе чинители, а пред се во координација со Општина Кочани вршеше постојано запрашување со алги на депонијата во рамките на претходно објавената јавна набавка за оваа услуга. Освен ова, на депонијата беше депонирана поголема количина на земја со цел затрупување и гасење на настаните локални пожари во самата депонија. Исто така беше ангажиран специјален булдужер со поголем капацитет кој заедно со механизација во сопственост на КЈП “Водовод” Кочани вршеше целосно расчистување и затрупување на депонијата.“- велат од претпријатието за М-Нет телевизија.

Од Водовод велат дека постои и сомнение дека депонијата намерно се потпалува оти во неколку наврати гори праволиниски по целата должина или пожари се појавуваат во предели на депонијата каде најчесто се депонира отпад од метал Поради тоа, велат во повеќе наврати се обратиле до ОВР Кочани како и до ЦСР Кочани, со цел да бидат преземени соодветни мерки во насока на откривање на евентуални сторители.

Лаура Стојанова М-Нет