
Кривични пријави ќе се поднесат против претходнто раководство на Општина Карбинци и ЈП Плачковица оти во претпријатието биле вработени лица без никаков договор – посочија денеска на прес од ОК на ВМРО ДПМНЕ Карбинци. Од таму велат дека за ова потврдува и судска пресуда на која сведок бил поранешниот градоначалник Јордан Насев.
„Поранешното раководство на СДСМ Карбинци во ЈП Плачковица ангажирале работници за привремена работа кои работеле но никогаш не потпишале никаков договор. СДСМ брутално ги излажале работниците се со цел да ги искористат за работа, а да не добијат никаков надместок. Зад ова тврдење има повеќе докази, а еден од нив е новата судска пресуда на еден од оштетените работници каде Судот одлучил дека тие навистина биле ангажорани без никаков договор на дело. Во сведоците бил вклучен и претходниот градоначалник Јордан Насев кој го признал стореното. Дали ова е сериозно кривично дело од тогашниот директор и градоначалник на Општина Карбинци? Во следните денови ВМРО ДПМНЕ ќе пиоднесе кривични пријави до обвинителството за ваквата злоупотреба при што ќе бидат повикани институциите да ги разотркијат намерите на тогашното раководство“ – велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Карбинци.
Од ОО на СДСМ Карбинци велат дека сите обврски на претпријатието кога тие биле на власт се подмирени. Додаваат дека за тоа постои и соодветна евиденција.
„ ЈП,,ПЛАЧКОВИЦА,, – Карбинци под водство на директор Горге Јанков избран на јавен оглас, работеше рентабилно ликвидно и домакински.Заклучно со 09.11.2021г кога беше сменет од функцијата директорот, сите обврски по основ на плати и придонеси од плати кон сите вработени беа во целост исплатени, сметката беше ликвидна и активна. Имаше одредени лица кој беа ангажирани на отклонување на дефекти на водоводната и канализациона линија, ангажирани по договор на дело за обавување на непредвидени работи. За овие лица требаше да се исплати паричен надоместок, за нивното ангжирање има уредна евиденција кога каде и колку имат ирзботено.
ЈП,,Плачковица,, – Карбинци има обврска да ги исплати овие работници бидејки работеле на објекти кој се во сопственост на Комуналното претпријатие на кого пак основач е Советот на Општина Карбинци.“ – стои во одговорот од ОО на СДСМ Карбинци.
Од таму посочуваат да не се замајува јавноста со невистини лаги и манипулации јавно ги повикуваме институциите да направат увид во фактичката состојба во работењето на ЈП,,Плачковица,, – Карбинци како се работело и како работат во овие 20 месеци.
Лаура Стојанова М-Нет