ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата навремено го решава проблемот во Гостивар

За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза, посочуваат од владејачката партија.

Над 60 тони вода, каоо што појаснуваат во соопштението, секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР.

„Препораки и мерки за тоа што треба да се прави во оваа локална епидемија, беа веднаш предочени од ИЈЗ и Министерството за здравство. Осомничените за овој скандал беа веднаш приведени и притворени од страна на МВР и се работи на собирање на докази кои ќе бидат доставени до ЈО. Дополнително се работи и на отстранување на проблемот, со кој беа затруени нашите сограѓани од Гостивар за да можат побрзо да ја користат водата барем за технички потреби. И најважно, очекуваме во оваа истрага обвинителството и судството да си ја завршат својата работа, а не како пред 6 години кога за модуларната болница, наместо Филипче, виновен да е кабелот“.

Ова е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, додаваат од партијата на власт, во време на, како што велат, кризни моменти. „Некои ја сфаќаат сериозно работата и испорачуваат, а други ликуваат“.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата навремено го решава проблемот во Гостивар е превземен од МАКФАКС.