ВМРО ДПМНЕ ги соопшти кандидатите за градоначалници, Јорданов за Штип, Паунов за Карбинци

ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти 25 имиња за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври годинава.

Имињата кои ги соопштија за сигурни кандидати се повеќето познати, односно актуелни градоначалници:

Аеродром – Дејан Митески
Бутел – Дарко Костовски
Ѓорче Петров – Александар Стојковски

Чучер Сандево – Зоран Пајовски
Штип – Иван Јорданов
Велес Марко Колев
Свети Николе – Дејан Владев
Карбинци – Виктор Паунов
Градско – Киро Наков
Кавадаци – Митко Јанчев
Гевгелија – Андон Сарамандов
Зелениково – Коста Маневски
Илинден – Александар Ѓорѓиевски
Конче – Златко Ристов
Делчево – Иван Гоцевски
Ново Село – Ѓорѓи Божинов
Василено – Славе Андонов
Босилово – Ристо Манчев
Берово – Петар Лужински
Петровец – Борче Митески
Битола – Тони Коњановски
Охрид – Кирил Пецаков
Вевчани – Спасе Кочовски
Брвеница – Јовица Илиевски
Јегуновце – Димитар Костадиновски

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи за чесни, одговорни, работни и експедитивни луѓе.

„Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници, кои направиле вистинска трансформација во нивните општини, а другиот дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои до сега се водени од кадри на СДСМ“, велат од партијата.

Се додава во тек се и внатрепартиските избори за советници, преку месните и општинските комитети, а истовремено и граѓаните кои не се партиски определени слободно можат да се вклучат да даваат свои предлози за советници.