„Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Северна Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива. ВЛЕН го оценува како особено важна пораката на известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал и капацитет да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. Ова докажува дека европските институции и понатаму ја гледаат Северна Македонија како дел од европското семејство и како доверлив партнер во регионот“, велат од Влен.
„За ВЛЕН, европската интеграција не е само политичка цел, туку и стратешка и цивилизациска определба која гарантира владеење на правото, функционални институции, економски развој, повисок животен стандард и подобра перспектива за граѓаните.
Веруваме дека патот кон Европската Унија поминува преку вистински реформи, борба против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото, ефикасна администрација и транспарентни институции. Токму затоа, ВЛЕН ќе продолжи да придонесува со одговорност и решителност во исполнувањето на реформската агенда и во унапредувањето на евроинтеграцискиот процес.
Во овој контекст, сметаме дека добрососедските односи, конструктивниот дијалог и почитувањето на европските вредности претставуваат суштински елементи за успехот на овој процес.
ВЛЕН стои цврсто на страната на европската интеграција и ќе продолжи да работи за унапредување на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, како стратешка државна цел“, соопшти Влен.
Текстот Влен: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија е превземен од МАКФАКС.