
Екипата на Влазерими од Кичево се засили со четири играчи, со кои тимот ќе се обиде да дојде до својата цел, по третпат да стане шампион и по третпат преку бараж да се обиде да влезе во Втората лига.
Овој тим две години по пред е шампион во Трета лига – Запад, но и две години ги губи баражите за Втора лига и остане член на Трета лига – Запад.
Тимот се засили со Иве Трифуноски, Христијан Крклински и Насаф Шабанов кои во пакет пристигнаа од второлигашот Новаци, како и со Агон Хајдерини кој доаѓа од редовите на Караорман од Струга.
28-годишниот Крклински во својата кариера ги носеше дресовите на Светлост од Кукуречани, Кораби, Слога Виница, Црно Буки, Плачковица, Осогово, Скопје, Пелистер и Кравари.
Трифуновски кој има 34 години е искусен фудбалер, тој во минатото покрај за Новаци има настапувано и за Пелистер, Брегалница од Штип и Кравари.
25-годишниот Шабанов во кичевскиот тим пристигна од второлигашот Новаци, а низ својата кариера беше дел од поранешните второлигаши Локомотива од Градско и Братство од Житоше, радовишка Плачковица, Вардар Неготино Превалец и Беласица, Шабанов имаше свои авантури во Хрватска и Германија.
24-годишниот Хајредини доаѓа од третолигашот Караорман, тим кој лани испадна од Втора лига, а претходно беше дел од Воска Спорт, Слога Виница, Велешта, Струга, Дрита од Боговиње, Шкендија и Караорман од каде и ја започна својата кариера.
Влазерими е на второто место во Трета лига – Запад со четири бодови негатива во однос на лидерот Тетекс, со тоа што „штофарите“ од Тетово имаат меч повеќе во однос на Влазерими.
Во рамки на првото пролетно коло овие две екипи меѓусебно ќе се соочат, а тој дуел може да се покаже и како клучен во борбата и на двете екипи за шампионската титула и баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет