Ако се купат лекови нема пари за храна и празнична трпеза, светиниколските пензионери тешко го минуваат месецот

Почеток на месецот, но со мала пензија тешко до крајот да останат пари. Пензионерите од Свети Николе велат дека со нивните пензии не можат да купат само лекови, а дополнителен товар е што цените на производите во маркетите постојано растат. Затоа мора да бираат дали овој месец ќе јадат млеко, а наредниот месо или обратно. За пензионерите кои имаат повисоки пензии месецот е издржлив. Но, согласни дека оние со пониски пензии не можат да си дозволат нормален живот, на вака високи цени.

Освен за храна, лекови и сметки граѓаните месецов пари треба да издвојат за новогодишна празнична трпеза, пари за пакетчиња за своите внучиња. Токму затоа согласни се дека ќе се купува по малку за да има пари за се.

Лаура Стојанова, М-Нет