Вкупно 550 хектари модра слива и 350 хектари вишна се целосно уништени во Делчево, најавени повици за штетите

Вкупно 550 хектари модра слива и 350 хектари вишна се целосно уништени во Делчево од мразот и ниските температури, кој во последните денови го зафатија источниот регион. Според градоначалникот на општината Иван Гоцевски, штетите се 100 процентни, а општината за утре подготвува јавен повик на кои оштетени ќе можат да понесат апликации за надоместок на штетите.

,,Над 550 хектари модра слива, 350 хектари вишна, комплетно уништени. Ќе се прави увид. Утре е закажана седница на совет на која што ќе се прогласи природна непогода со што општината ќе објави јавен повик на кои што земјоделците ќе можат да поднесат апликации за надоместок на штетите.“, кажа Гоцевски

Гоцевски, прашан дали очекува помош од Владата и министерството во справувањето, категорично кажа да. Најпрво рече дека е потребно да се направи комисии, со чија помош ќе се утврдат колкави се штетие.

Ниските температури кои се невообичаени за мај, преизвикаа штети кај земјоделците и овоштарите во речиси сите делови од државата. Поради измрзнување во фазата на цветање, се очекува значително намалување на родот кај виновата лоза, кајсиите, праските, јаболката, што може да доведе и до зголемување на цените на домашното овошје.

Иван Митев, М-Нет