Висок пораз за штипски Соколи на гостувањето кај Ангели, Маџари се намачи и победи со само еден поен разлика!

Екипата на Соколи од Штип претрпе пораз од 95:67 на тешкото гостување во Скопје кај екипата на Ангели, во рамки на 17. коло на Втората кошаркарска лига.

Овој натпревар беше и дерби на колото, дерби на две екипи кои се конкуренти во трката за влез во Првата кошаркарска лига. Ова беше и најголемиот пораз од почетокот на сезоната за штипските кошаркари, а како што информираа од клубот ќе следува сега анализа на последните два натпревари на кои Соколи забележа порази со цел да се утврда слабостите во самата игра.

Соколи минатото коло загуби во Штип во дербито со Маџари, а сега загуби од Ангели.

Токму Маџари забележа многу тесна победа од само еден поен разлика, откако со 92:91 забележа победа над вториот тим на МЗТ Скопје, многу потешко од очекуваното беше оправдата фаворитската улига.

Борец Баскет на домашен терен забележа висока победа со 35 поени разлика од 85:50 против последнопласираниот Работнички 2018, а на триумф конечно се израдува и Струмица која со 77:74 го совлада Црн Дрим од Струга. Во Прилеп домаќинот Мега Баскет загуби од Бутел со 69:80, а пак Охрид го доби Водно Санс со 83:73.

На врвот израмнети се Ангели и Маџари со по 31 бод, Соколи е втор со 30 бодови. На 4. место е Црн Дрим со 27 бодови, Борец Баскет е петти со 26 бодови, а толку има и вториот тим на МЗТ Скопје, додека пак Бутел е седми со 25 бодови. На делба на осмото место со по 23 бодови се Охрид, Водно Санс и Мега Баскет, Струмица е претпоследна со 21 бод, на дното е Работнички со 19 бодови.

Александар Ванев, М-Нет