Висока ли е цената за закуп на тезга во штипскиот пазар?

Од 1000 до 2000 денари за закуп на тезга треба да издвоите секој месец ако сакате да продавате на штипскиот градски пазар. Во зависност од тоа што сте дошле да продадете, висината на цената е различна. Најевтино ќе поминете ако продавате мед, за земјоделските производи, пак, цената – највисока.

Продавачите за висината на цената со различно мислење, сепак децидни дека ако немаш свое производство, само со препродажба потешко оди. Оние кои продаваат не само во Штип, туку и во други градови велат – разлика некаде има, некаде не. Но на некои пазари цената е дури десетпати помала.

Цената за закуп на тезга не е променета повеќе од дваесетина години, а место има доволно за сите земјоделци. Сепак, сѐ уште е актуелен и проблемот со дивите продавачи кој надвор од пазарот, во околината на истиот продаваат без да закупат тезга, а освен тоа производите не подложат на инспекциски надзор.

Ребека Спасова М-Нет