Висока и убедлива победа за одбојкарките на штипски Младост УГД против Струмица, Јанта Волеј се намачи!

Одбојкарките на Младост УГД од Штип во рамки на 11. коло на Првата женска одбојкарската лига славеа висока победа над Струмица со 0:3 во сетови.

Во првиот сет штипските одбојкарки со 16:25 го добија сетот, додека пак во вториот сет струмичанки пружија силен отпор, но штипскиот тим беше подобар со 23:25. Во третиот сет немаше доволно сили кај струмичанки, како да ги потрошија силите во вториот сет, па третиот сет Младост УГД го доби со високи 13:25.

Фит Фан Волеј со доминантна игра со 3:0 го декласираше „фенерџијата“ Ускана од Кичево. Првиот сет заврши со 25:15, вториот сет со 25:11, а пак третиот сет со 25:19.

Работнички иако со 3:0 во сетови славеше над Вардар ЕМ, сепак се намачи на теренот за да ги добие овие три сетови. Првиот сет заврши со 25:22, вториот сет со 25:23, а третиот со 25:21.

Лидерот Јанта Волеј КВ со 3:1 го доби Наковски Волеј, откако првиот и вториот сет ги доби лидерот со 25:21 и 25:18. Во третиот сет Наковски Волеј со 20:25 намали на 2:1. Во четвртиот сет фаворитот го доби истиот со 25:22.

Во однос на табелата Јанта Волеј КВ со 32 бодови, втор е Работнички кој има 28 бодови, Наковски Волеј со 26 бодови е на третата позиција.

На четвртото место е Фит Фан Волеј со 17 бодови, а пак Младост УГД од Штип е на петтата позиција со 13 бодови. Вардар ЕМ е шестти со осум бодови, Струмица Жени се наоаѓаат на претпоследното место со шест бодови, а на дното со само два бодови е „фенерџијата“ Ускана од Кичево.

Александар Ванев, М-Нет