
Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции кај граѓаните на Штип. Тие спротивно гледаат на ваквиот предлог, бидејќи како што велат за М-Нет до таа граница нема да се издржи. Од страна на владата велат дека во моментот не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање и додадоа дека се прават напори за стабилизирање на состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
“Не треба да се поместува границата, нека испратат еден да се качи на некој спрат дда работи на 40 степени“, велат граѓаните
Граѓаните велат дека тие во пензија отишле на 64 години мажите, а 62 години жените, па децидни се дека ако границата се помести, тоа ќе се одрази лошо врз лугето.
Од независното тело за анализи и мислења за фискалните претпоставки користени за изработка на буџетот на државата велат дека мерките за зголемување на старосната граница се потребни за одржување на Фондот на пензиско инвалидско осигорување на македонија, намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот период.
Лаура Стојанова, М-Нет