Виолинистката Марија Илиева и пијанистот Симеон Иванов, утревечер со свој солистички концерт во штипскиот Безистен

Виолинистката Марија Илиева од Штип утревечер ќе биде дел од програмта на овогодинешното издание на „Штипско Културно Лето“. Добра подготвена програма со познатите композиции на Пијацола, Сарасате, Вивалди и други се дел од нејзиниот концепт за утрешниот концерт. „Ќе се претставам со програма за сите сетила за пошироката публика“, вели Илиева и додава дека е огромна нејзината чест што ќе биде дел од културата за Штип.

„Чест ќе ми биде, после толку години настап во мојот роден град нормално, а огромна е честа и задоволството да настапам на овогодишното издание на ШКЛ 2024. Ќе се претставам со програма што ќе биде за сите сетила за пошироката публика и се надевам дека ќе уживаат. Имаме програма од Коре лип, Пијацола, Сарасате, Вивалди, така што ќе имаме од повеќе периоди и затоа е и насловот на овој проект насловен како „Музички времеплов“ вели Илиева

Учество на самиот концерт ќе зеде и нејзиниот колега и пијанист Симеон Иванов и топло ги покануваат сите заинтересирани сограѓани за да уживаат во оваа музичка симбиоза

“Ќе се претставам заедно со мојот колега Симеон Иванов на пијано и нормално јас Марија Илиева на виолина. Концертот ќе се одржи во уметничката галерија Безистен, влезот е слободен од 20 часот и се надевам на присуство од пошироката публика, колеги штипјани, сограѓани. Мислам дека ова ќе биде добра прилика за присуствуваат и мислам дека ќе уживаат во овој концерт“ додава Илиева

Марија Илиева последен пат има настапувано во 2006 година на тогашното издание на ШКЛ и за нејзе, ова е повторна чест за да се претстави во свое светло. Инаку, таа е и професор по виолина во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип

Лаура Стојанова, М-Нет