Детски забавен парк доби село Радање, во наредниот период продолжува и хортикултурно уредување

Нов детски забавен парк доби село Радање со површина од 520 метри квардатни и вредност од два милиони и 400 илјади денари. Градоначалникот на општина Карбиници, Виктор Паунов посочи дека овој забавен парк е наменет на дечињата од населеното место со цел да можат да се рекреираат. Во период кој што следи, забавниот детски парк хортикултурно ќе се уреди, со што ќе се добие нова убава слика.

„Денес се наоѓаме во село Радање, во изминатиот период интензивно се работеше на активности токму на ова место за изградба на детско игралиште. Се работи за еден детски забавен парк со површина од 520 метри квадрати, Општина Карбинци преку бирото за регионален развој го реалзизираше овој проект со вкупна вредност од два милиони и 400 илјади денари.“ – изјави Паунов

Во наредниот период кој следи Општина Карбинци ќе продолжи да работи на редовната програма со која ќе работи на реализација на други улици, реконструкција на три улици во село Радање, две улици во село Козјак и реконструкција на улици во подплачковичкото село Кучица, додава Паунов.

„Општина Карбинци во наредниот период кој следи интензивно ќе продолжи со реализација на проектите кој што се во прогрмата за ова година. Но директно ќе се работат и инвестициите со новата влада кои ќе следат наскоро, а тоа е започнување на доградбата на детската градинка „Кокичиња“ во село Таринци со проширување на капацитетите од 50 дечиња, конечно постапката која беше заглавена и проектот кој што беше најавен по онаа мерка од 135 евра по глава на жител. Општина Карбинци до крајот на годината ќе ги добие средствата.“ – вели Паунов

Финансиската рамка за реализација на проектите во Општина Карбинци за поголемите инвестиции односно ќе инвестира вередност од 16 милиони денари за надоградбата на детската градинка и 13 милиони и 800 илјади денари во село Таринци во улицата која ќе биде аплицирана со вклучен договор и започната постапка за тендерирање.

Лаура Стојанова, М-Нет