
Викендот со натпреварите од првото коло ќе започне новата сезона во Првата ракометна лига на Македонија.
Во рамки на првото коло Текстилец УГД во Штип ќе го пречека тимот на Аеродром, а пак Драчево Јуниор ќе биде домаќин на Шампион.
Првото коло го носи соочување и дербито на Македонија ЃП против Мулти Есенс, а пак Овче Поле на домашен терен во Свети Николе ќе има тежок предизвик против фаворитот Вардар Неготино.
Кичево ќе ги одмери силите со Партизан, а пак Младост како апсолутен фаворит ќе игра против тимот на Астраион од Струмица.
Во првото коло екипата на Јехона ќе игра против Преспа од Ресен.
Александар Ванев, М-Нет