Викендов маркетите во Штип ќе вршат достава до дома

Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Штип ги објави идните чекори кои треба да бидат превземени од страна на институциите на локално ниво, а се важни за заштита на граѓаните и справување со настанатата ситуација со Корона вирусот, Ковид-19.

Штабот за заштита и спасување во Штип ги донесе следните заклучоци:

1. Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе даде дозвола за работа на приватни маркети кои ќе работат за време на викендот и ќе вршат достава до домаќинствата на кои им се потребни намирници.

2. ТППЕ Штип заврши со дезинфекција на сите влезови во станбените згради на територијата на Општина Штип и ќе продолжи со дезинфекција на улиците и јавно прометните површини.

3. Градскиот пазар на ден 10.04.2020 г. (петок) ќе работи со определено работно време, односно од 07:00 часот до 15:00 часот.

4. Мобилните тимови на Општина Штип и Црвен Крст и за време на полицискиот час ќе бидат на терен и ќе помагаат на луѓето на кои им е потребна помош за набавка на намирници.

5.Наредната недела во организација на Црвен Крст ќе се одржи крводарителска акција со цел зголемување на крвните единици.

6. ЈП „Стипион 2011“ веќе ги затвори сите детски игралишта како дополнителна заштита на граѓаните од вирусот.