„Весело штурче“ руши рекорди – примени 24 солисти, ќе се изведат 21 композиција, пријавени над 100 дечиња




Фестивалот за деца „Весло штурче“ руши рекорди! На распишаниот конкурс на Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ Штип, примени се вкупно 24 солисти. Ќе бидат изведени 21 композиција од кои три ќе бидат дует. Хорот оваа година го сочинуваат 15 дечиња, бендот е составен од четири дечиња. На самиот конкурс беа пријавени околу 70 дечиња, а оваа година пријавени автори беа над 100 од Македонија, но и од други држави. Бројот на пријавени дечиња и автори се зголемува секоја година што покажува дека добриот глас далеку се слуша. Жири комисијата имаше тежок избор околу изведувачите и композициите. Тоа покажува дека Весело штурче расте, а со него и традицијата, но и модерниот дух кој го покажува од година во година. Подготовките за фестивалот и снимањето на песните се во тек. Традиционално како и секоја година и годинава ова издание ќе се одржи во втората половина на месец септември. Со нетрпение ги чекаме новите рефрени и хитови да ни ги разнежнат и распеат срцата.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет