Вардар се засили со Љутфи Билали

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се засили со Љутфи Билали.

31-годишниот напаѓач во домашниот шампионат има настапувано за екипите на Силекс, Металург, Пелистер, Ренова, Гостивар и Беса, а богато интернационално искуство има од екипите на Интерблок и Цеље во Словенија, потоа во Конкордиа во Швајцарија, грчки Егиниакос , Хака во Финска и Бардејов во Словачка.

Во 7. коло во ПМФЛ Вардар ќе игра во Кавадарци против Тиквеш.