
Овој викенд беа одиграни натпреварите од 19. коло од женската ракометна Суперлига. Најубедлива победа однесе Вардар кој на домашен терен со 51:25 славеше над штипски Астибо.
Вардар беше апсолутен фаворит на овој меч, а тоа беше потврдено со убедлива победа. На овој меч видовме и трка на тоа кој ќе биде најдобар стрелец на овој меч. Бојана Коцева со 14 гола го водеше Вардар до овој убедлив триумф, а пак Борјана Коцева имаше шест реализации. Кај Астибо сосема очекувано Марија Анчева беше најдобра со 16 постигнати погодоци, а воедно беше и најдобра на средбата.
Деспина на домашен терен немаше сили против фаворитот Чаир кој со 22:35 славеше висока победа, Стружанка сосема очекувано ја распадна Гевгелија која е на дното од табелата со 41:21. Металург Автокоманда однесе висока победа од 37:18 над Овче Поле во меч каде Таида Беровиќ беше најдобра со 11 гола.
Спартак и Скопје ремизираа играјќи 32:32 за поделба на бодовите, Пелистер со 36:22 го доби Шампион.
Лидер и понатаму останува Ѓорче Петров со 55 бодови на своето конто, Чаир е втор со 49 бодови, колку што има и Металруг Автокоманда кој е трет. На 4. место е Куманово со 45 бодови, Вардар е петти со 43 бодови.
На 6. место е Стружанка со 28 бодови, колку што има и Пелистер кој е седми. На 8. место е Скопје со 23 бодови, Деспина е деветта со 19 бодови, Спартка е 10-ти со 16 бодови, место подолу е Овче Поле со 15 бодови.
Астибо е 12-ти со 12 бодови, Шампион е претпоследен со седум бодови, а на дното е Гевгелија со само три бодови.
Александар Ванев, М-Нет