
Вардар Неготино само со бод ја израдува неготинската публика и верните „Винари Запад“ за нивниот 31 роденден.
Денес „Цвај арената“ во Неготино беше исполнета со публика која го бодреше својот Вардар во дуелот со Тетекс кој заврши бз победник со поделба на бодовите, откако ремизираа без голови (0:0).
Вардар Неготино предводен од Горан Тодорчев тргна во борба за трет сезонски триумф и прогрес на табелата, а со тоа и излез од опасната зона, од друга страна „штофарите“ предводени од Филип Деспотовски во Неготино допатуваат по петти сезонски триумф.
Гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност во живо да го проследат натпреварот од Неготино каде имаше допадлив фудбал, меѓутоа без погодоци, што беше разочарување за навивачите бидејќи недостасуваа погодоци за да биде исполнет натпреварот.
Вардар мораше да се задоволи само со бод, но и во таков случај направи прогрес на табелата и излезе од бараж зоната, сега има 7 бодови на своето конто, колку што има и Осогово, кој сега се спушта на 14-тото место кое води во баражот за опстанок.
Во следното коло Вардар Неготино ќе игра против Башкими, а пак Тетекс ќе биде домаќин на ланскиот прволигаш Скопје.
Денес верната навивачка група „Винари Запад“ го прославува својот 31 роденден, а по тој повод по завршувањето на натпреварот забава ја продолжуваат со Dj во дискотека, а во 19 часот е предвидено пиротехничко шоу на стадионот.
Верните „Винари“ испратија отворена покана до сите кои сакаат да се придружат на забавата.