
Екипите на Вардар и Шкупи се нови второлигаши, откако испаднаа од Првата кошаркарска лига на Македонија и од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората лига.
Вардар сезоната ја заврши на последното место со 29 освоени бодови, а пак Шкупи испадна во последното коло иако во плеј-аутот влезе во победничка низа од четири победи и го доби и Гостивар во директно дерби за опстанок.
Последното коло донесе многу неизвесност откако најпрво Шкупи го доби Тиквеш во Кавадарци со 79:92, а пак Гостивар во самиот финиш со тесни 71:73 го доби Вардар и така тимот на Гостивар се спаси од испаѓање иако на табелата има ист број на бодови со Шкупи.
Маџари е веќе нов прволигаш и од следната сезона ќе биде дебитант во Првата лига, а вториот патник ќе се решава меѓу Ангели и Соколи, победникот во мајсторката ќе обезбеди финале, кое финале ќе значи и автоматски влез во Првата лига, а финалето ќе биде за шампион на Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет