Алкалоид е подготвен за првиот финален натпревар во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК од Атина!

ФОТО: РК Алкалоид

Ракометниот клуб Алкалоид утре го игра првиот финален натпревар во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК од Атина во Грција.

Ракометарите на Алкалоид предводени од тренерот Кирил Лазаров, вчера во Автокоманда го одработија последниот тренинг и заминаа за Грција, каде утре ќе го одиграат првиот финален натпревар, кој ќе започне во 18 часот.

Тимот од Автокоманда е пред можноста да испише голема клупска историја и да ја освои првата европска титула. Алкалоид за неколку години од своето постоење бележи големи резултати, откако го освои Купот на Македонија, сега е пред можност и за голем европски успех, односно освојување на титулата во Европскиот Куп на ЕХФ.

Вториот финален натпревар односно реваншот ќе се одигра на 25 мај во Скопје, а истиот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Александар Ванев, М-Нет