ВАРДАР е во ПРВА ЛИГА, откако го декласираше Скопје и го испрати во Втора лига!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по две сезони се врати во фудбалската елита на Македонија, откако во баражот со убедливи 0:3 го декласираше досегашниот прволигаш Скопје на Градскиот стадион во Кавадарци.

„Црвено-црните“ одиграа перфектен натпревар и го добија градскиот ривал од Автокоманда со убедлив резултат и со тоа се вратија во Првата македонска фудбалска лига.

Градскиот стадион во Кавадарци беше обоен во „црвено-црната“ боја, а тоа значеше голема поддршка за „вардарци“ на најважниот меч во сезоната.

Вардар уште во 4. минута го отвори Скопје, откако Дарко Размоски погоди за 0:1 и водство на „вардарци“. Во 35. минута Миле Тодоров фрли бакли кон „Комити“, па Ставрев го занкционира со директен црвен картон, со што Скопје до крајот беше со играч помалку на теренот. Со овој резултат од 0:1 се замина и на полувреме.

Стартот од вториот дел донесе нов гол за Вардар, откако Размоски со втор погодок ја дуплираше предноста на 0:2 во 50. минута од мечот, а девет минути подоцна капитенот Дарко Глишиќ постигна гол за конечни 0:3.

Веќе се комплетираше костурот за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Во новата сезона ќе играат Струга, Шкендија, Шкупи, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, Работнички, Тиквеш, Академија Пандев, Воска Спорт, Гостивар и Вардар.