Варадиновски за М Нет: Следува пауза во која ќе ги анализираме сите позитивни и негативни моменти

Детонит Плачковица ремизираше играјќи 1:1 на домашен терен против екипата на Охрид, во рамки на 21. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Градскиот стадион во Радовиш остана „неосвена тврдина“, Детонит Плачковица нема пораз на домашен терен, а во Радовиш бодови тешко се освојуваат.

Тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски за телевизија М Нет вели дека на мечот со Охрид потфрлиле во вториот дел од натпреварот, додава дека не реализирале колосална шанса за предност од два гола на полувреме, а како што вели паузата е добредојдена со цел да се направи анализа на сите позитивни и негативни моменти.

„Натпревар со многу малку шанси на двете страни, не успеавме да реализираме колосална шанса за да одиме со два гола предност на полувреме. Искрено во вториот дел потфрливме во некои сегменти и не бевме на потребното ниво. Сега ни следува пауза која ќе биде добредојдена за да направиме една ретроспектива и да ги анализираме сите позитивни и негативни моменти“, вели Варадиновски за телевизија М Нет.

Следува пауза во Прва и Втора лига до 1. април, за кога се закажани натпреварите од 22. коло од Втора лига, а Детонит Плачковица ќе има тешко гостување во Битола кај Пелистер.